Почнете го денот со конструктивни приоритети

0

Секогаш постои избор за она што го правиме, затоа можете самите да го подобрите начинот на спроведувањето на правилата според кои функционирате. Чекорете по вашата сигурна патека чие тло веќе го знаете на памет и со затворени очи. Но, тоа не значи дека трба да станете затворени за нови работи, туку рационално и констуктивно да размислувате и делувате. Со отворањето на очите во новиот ден почнете го поинаку:

Денот нека биде убав по ваша воља

Зошто често се чувствуваме толку немоќно? Затоа што самите се убедуваме дека сме немоќни. Чекаме работите да ни дојдат на подарок.Но, во животот нема вистински права, вистина е дека ако нешто сакаш мораш сам и да си го овозможиш. Мораш да работиш за да го оствариш тоа. Дали денот е добар или лош не зависи од времето. Не зависи од вашето расположение, тоа исто така е под ваша контрола. Не зависи од никој друг.Ако сакате да имате пријатен и продуктивен ден тогаш овозможете си го. Се зависи од вашата перцепција и за тоа што вие ќе изберете да правите и во што да верувате.

Не ви треба нечие константно одобрување.

Потребата за одобрување е како зависност. Ако сите ваши постапки ги темелите на одобрување од другите, на крај ќе сфатите дека се вртите во круг и ја жртвувате вашата среќа. Не го ставајте клучот на вашата среќа во џебот на некој друг. Научете да им кажете не на луѓе и за обврски кои немаат вредност во вашиот живот. Вашето време на оваа планета е драгоцено. Како што вели поговорката: Она што го правите денеска е важно, бидејќи за тоа давате еден ден од својот живот.
Не чекајте некој друг да ви дава дозвола да живеете.

Успехот е стил на живот, не резултат.

Сите сакаме да постигнеме успех, но мора да запаметиме дека успехот не е одредено постигнување. Успехот не е премин преку некоја замислена линија. Тој е способност ден за ден да се води добра борба. Успехот е сила, сила да се продолжи понатаму и да се живее животот според свои правила. Успехот не е краен резултат. Тој е состојба на умот. Не можете да го добиете успехот. Вие сте успех, секој ден.

„Цицачите на енергијата“ не се вредни да се нервирате за нив.

Некогаш дозволуваме погрешни луѓе да заземаат премногу простор во нашите мисли и во нашето срце. Секојдневно запознаваме насилници „цицачи на енергија“, посебно кога живееме во голем град или работиме во голема корпоративна средина.Овие индивидуалци ќе се обидат да дојдат до вас, ќе се обидат да влијаат врз вас и да станат дел од вашиот живопт бидејќи нивниот живот им е здодевен. Веќе го затруле својот живот и сега ќе се обидат да го затрујат и вашиот.Не им го дозволувајте тоа.

Добрите работи во животот брзо завршуваат кога не се ценат доволно.

Не обидувајте се да кажете дека ценењето на добрите работи не е во човечката природа, но нашите умови често знаат да мислат дека тревата на другата страна е по зелена. Но, мора да се потсетиме дека смислата на животот не е константна надоградба на нештата.За да живееме среќен и исполнет живот мора да научиме да го цениме и сакаме она што го имаме. Ако се вљубите, направете се во ваша моќ да ја негувата таа љубов. Не чекајте работите да завршат пред да почнете да ги цените.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот