Почеток на патот…

0

 

Првата карта се вика МАГ

Таа го прикажува волшебникот кој е подготвен да изведе некој трик, т.е. да нѐ прелаже и да нѐ наседне. Додека сме во циркускиот шатор во публиката, волшебникот со помош на разни цилиндри и кутивчиња го заматува нашиот разум. Иако нашиот ум знае дека тоа што ќе го видиме е само некој трик и изважбана вештина, остатокот од нашата свест се однесува како да ќе се случи навистина нешто чудно. Сакам да кажам дека ние, на некој начин, сме привлечени од овој волшебник бидејќи во секој од нас постои архетипски маг.

Втората карта во горниот ред е ПАПЕСАТА, или првосвештеничката. Таа е симбол на Девицата, која ни е позната од митовите и светите списи на многуте култури, (безгрешно зачнување). Секоја бремена жена е одбрана. Исто онака како што според библијата била одбрана девицата Марија. Таа е носител на новиот дух. Познато е дека девиците биле приморани да бидат робови на традиционалниот семеен живот, донесувајќи го на свет новиот дух. Папесата ја представува женската решителност за излез од старите традиционални обичаи и достигнување на рамноправно ниво во општеството.

Следните две карти се ЦАРИЦА и ЦАР.

Ги симболизираат Мајката и Таткото. Означени се со броевите три и четири. Не треба многу да се зборува за силината на овие две фигури зашто секој од нас го има тоа осетено во односите со нашите родители. Оваа карта нѐ враќа во раната младост кога родителите ги доживувавме како добра и заштитничка мајка и храбар и сезнаен татко.

Меѓутоа, не смееме да заборавиме дека кога сме биле изневерени, ги имаме доживувано како зла вештерка и груб ѓавол.

Ова се карти кои нѐ тераат да ги пронајдеме овие две фигури во нас самите и да се помириме со фактот дека постепено мораме да се одвојуваме од нив, (да се осамостоиме). Картата број четири, ЦАР, ни го вели следново: “Еден станува два, два станува три, од третиот произлегува уште еден како четврти”. Ова може да се објасни на следниов начин: Кога ќе го развиеме егото на свесноста, ние за себе размислуваме како да сме едно; но како што стануваме  се поосвесни, постепено сфаќаме дека сме двајца – свесно и несвесно, его и сенка (еден кој станува рано, а друг кој сака да остане во креветот). За да ги смириме овие двајца противници во нас, мораме да откриеме некаков внатрешен посредник, број три, кој ќе ги поврзува, при што ќе можат да работат заедно и во хармонија. Кога тоа ќе се случи, тогаш од третиот (преку негова активност), доаѓа еден како четврти. Приметно чувство на целина, соединета личност која повторно може да функционира како еден, но на ново ниво на свеста.

Оваа четворка мора да биде обединета од петтиот елемент…

Кој???

Тарот картата број пет е ПАПА

“И ангелите видоа како овие четири елементи, суво, влажно, ладно и топло,  се ставени во Божјата дланка и Бог го создаде Адам…” Ова е почеток на една прастара книга пронајдена во Сирија. Тој петти елемент е човекот. Тоа го потврдува и фактот што на оваа карта за прв пат се појавуваат “обични” човечки суштества, сите претходните ликови беа со надчовечки димензии.

Според црковната догма, Папата е божји пратеник на земјата и како таков тој е безгрешен. Во нашиот живот се појавува како гуру или како стар чудотворец. Запознавањето со една таква личност ни помага да видиме дека духовното просветлување е, пред сѐ, лична, а не друштвена работа.

 

Следната карта е ЉУБОВНИК.

Оваа карта го представува вечниот триаголник, ситуација која живее и во нашето лично искуство. На сликата е прикажано едно момче кое како да е заробено помеѓу двете жени. Тој не може да се помрдне. На небото јасно се гледа Купидон (Ерос) кој задава фатална рана со љубовната стрела. Тој го претставува егото на момчето. На оваа карта, неговото его, до некој степен ослободено од влијанието на родителскиот архетип, е подготвено да стои само, но тој сѐ уште не е свој човек. Како што се гледа, останува заробен помеѓу двете жени……кој е кој? Можеби сепак отровната стрела од небото ќе успее да го распламти и ќе го помрдне од место…? Ќе видиме подоцна.

На картата број седум, наречена КОЧИЈА, може да забележиме дека момчето од претходната карта пронашло возило, но сѐ уште е млад и неискусен. Тој само што се има ослободено од оние две жени и ита со кочијата како сѐ пред него да е рамно. Но, патот, како што и самите ќе видите, нема да биде нималку лесен. Со картата Кочија доаѓаме до последната карта од првиот ред. Овој ред се вика уште и Царство на Боговите, поради тоа што прикажува ликови устоличени на небесна констелација. Вториот ред ќе го наречеме Царство на Земската стварност и Его на свесноста, зашто тука момчето вложува напор да ја пронајде својата среќа и да добие свој идентитет.

Подготви: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот