Почетоците на традицијата ”Black Friday”

0

Неофицијалниот почеток на празничната шопинг сезона често се нарекува најпрометниот ден за купување во годината. Но, каде започна оваа традиција и колку е голема таа?

Еве ги одговорите на неколкуте често поставувани прашања за ”црниот петок”…

КАКО ”BLACK FRIDAY” СТАНАЛ ТОЛКУ МАСОВЕН ДЕН ЗА ШОПИНГ ?
Тешко е да се каже точно кога денот по Денот на благодарноста се претворил во малопродажба за сите, но веројатно датира од крајот на 19 век.
Во тоа време, спонзорираните паради за Денот на благодарноста биле чести, и откако Дедо Мраз се појавил на крајот од една парада, официјално започнала сезоната на масивни празнични купувања.

Во тие денови, повеќето трговци се придржувале на непишаното правило дека сезоната на празничните купувања не започнува се додека не помине Денот на благодарноста, така што продавниците не рекламирале празнични распродажби, се до петокот веднаш по празникот кога портите на продавниците се отвориле и цел настан се претворил во нешто огромно.

Со оглед на тоа дека Денот на благодарноста се прославува на последниот четврток од ноември, така постепено низ годините, петокот по ”тој четврток” станал официјален ден за празничко купување за многу пониски цени од вообичаените.

ЗОШТО СЕ НАРЕКУВА ”ЦРН” ПЕТОК?

Ако ги прашате повеќето луѓе зошто денот по Денот на благодарноста се нарекува ”црн” петок, тие ќе објаснат дека името произлегува од трговците кои ги користеле огромните заработки од денот, како нивна можност да се “стават во црно” (термин кои компаниите го употребуваат за да го симболизираат поголемиот профит во споредба со претходно).

Според истражувањата, името “Црн петок” датира од Филаделфија од средината на 60тите години. Петокот за кој станува збор е ден помеѓу Денот на благодарноста и традиционалната Филаделфиска фудбалска игра на Армијата и Морнарицата која се одржувала во сабота, па поради масовните активности во тие денови полицијата имала проблеми да го задржи редот по улиците, па во овој случај црната боја е спомената во негативна конотација, сакајќи да се нагласи иритирачката состојба.

ДАЛИ ”BLACK FRIDAY” Е НАВИСТИНА НАЈГОЛЕМИОТ ШОПИНГ ДЕН ВО ГОДИНАТА?

Според Snopes.com, Црниот петок е генерално еден од најдобрите денови во годината за продавниците, но дефинитивно деновите непосредно пред Божиќ се сметаат за најпрофитибилни.

Едно од најчестите поставувани прашања исто така е дали навистина се случува луѓето да се повредуваат додека траат распродажбите и високите попусти за Црниот петок?

Одговорот, за жал гласи ДА. Една од најтрагичните повреди на овој ден, се случила во 2008ма година кога 34 годишниот вработен во една продавница бил убиен од огромна маса на луѓе кои чекале пред продавницата Волмарт во Лонг Ајленд и го собориле во истиот момент кога тој ја отворил вратата, па се повредил и починал.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.