Победи без борба и последици

0

Каде што има двајца луѓе, секогаш има простор за конфликт. Тоа се должи на социјалната улога која сите ние ја имаме во општеството – колку повеќе социјални улоги имаме, толку повеќе сме подложни на критики и различно аспекти на гледање на работите.

Како да го решите конфликтот без борба?

Не се противете, не се расправајте без потреба оти тоа носи само повеќе трошење на енергија, поголема нервоза и спротивен резултат.

Научете како да ги предводите другите

Оној кој вика на вас, значи дека е во афект и центарот за расудување му е исклучен. Неговата умствена присутност е на ниво на човек кој спие. Почекајте да се разбуди.

Кога возвраќате со викање е исто како да тепате човек кој се дави. Нема ефект и може да ве повелече со него.

Кога некој вика на нас, се чувствува лошо. Истото го правите и вие во такви ситуации.

Пробајте да го задржите миро дури кога ви викаат во лице, кога ве навредуваат. Тоа е решението на проблемот и на конфликтот воопшто. Веројатно ова  е една од најтешките работи, но доколку испеете, вие сте на пат да станете подобра личност.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот