Победете ја караницата со смеење

0

Луѓето во врска или брак повремено знаат да се искараат до таа мерка, што на сите страни „летаат пердуви“ или чинии, зависи од нивниот темперамент.

Во вакви ситуации смеата може да се покаже како одличен лек и добар пат до смирување на страстите, по што партнерите полесно ќе можат да го решат проблемот или да сфатат дека всушност станува за ситница за која не вреди да се караат.

Замислете си ситуација: таа нешто замерува, тој се повлекува. Неа тоа ја иритира – како може да не зборува, да се повлекува, зар не гледа дека таа е вознемирена? Навистина не му е гајле. Ова е причина гласот да ѝ стане уште повисок.

Повлекувањето не е реакција против неа, туку начин да ѝ дозволи да ги смири страстите. Истовремено, кога тој ќе почне да се повлекува, се смирува и работата на неговото срце и тој е подготвен да ја заврши караницата.

Таа, пак, мисли дека може да полуди од бес кон него. Драги дами, време е да ја победите караницата со смеа. Обидете се да се сетите на нешто смешно, забавно и наместо да викате, кажете му што ве насмеало. Или спомнете нешто што би можело да му е смешно нему.

Обидете се преку смеа да ја победите нервозата и караницата помеѓу вас. Една искрена насмевка може да смени многу, иако во тие моменти сигурно смеата ви е на последно место.

И придржувајте се до старото добро правило „Водете љубов, не војна“. Обидете се, полесно е отколку што мислите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.