Победете го понеделникот наместо тој вас

0

Понеделникот обично ве победува вас, ве турка надолу, не ви дозволува да станете и да уживате во почетокот на новата недела. Но, постојат неколку трикчиња кои можете да ги примените за да ја свртите играта во ваша полза.

Започнете со тоа што ќе си го поставите најважното прашање „Во што е проблемот“, пишува магазинот Форбс. Што ви пречи најмногу и зошто се чувствувате нерасположено. Ако го најдете одговорот, ќе го најдете и решението на проблемот.

Потоа, направете листа. По викендот обично не знаеме каде сме застанале до работата или каде треба да продолжите. Затоа, на почетокот на денот, најдобро е да одвоите неколку минути и да ги средите мислите, односно да запишете кои обврски ви останале. Всушност, препорачливо е ова да го правите во петок на крајот на работниот ден за да имате чиста листа пред себе во понеделник и лесен почеток на неделата.

Многу е важно да се облечете добро. Ова не значи да одберете облека во која ќе ви биде топло бидејќи надвор студи, туку облека во која ќе се чувствувате моќно, сигурни во себе и во своите способности. А токму таа сигурност ќе ви ја зголеми мотивацијата. Запомнете, понеделник никако не смее да е „кежуал“.

Зошто да не им измамите насмевка на колегите во понеделник? Пред да стигнете на работа, купете кафе за колегите, појадок, или некое чоколадо што ќе го поделите. Или, поделете им комплименти заради кои ќе се чувствуваат убаво. Ако размените позитивна енергија, тоа сигурно ќе го подобри и вашиот и нивниот понеделник.

Обидете се да го „растоварите“ распоредот… Ако можете да поместите некој состанок за наредниот ден, направете го тоа. Верувајте, ова ќе ве направи посреќни. Всушност, за понеделник треба да важи она правило – ако можеш нешто од денес остави го за утре.

И конечно – направете план за потоа. Ако знаете што ќе правите по крајот на работното време, тогаш едвај ќе дочекате да заврши денот, а размислувајќи за плановите после работа ќе сфатите дека времето ви поминало многу побрзо. Многу е важно кога наместо да размислувате како да стигнете дома, вие ќе мислите на она забавно нешто што ќе го правите со партнерот, пријателите или сами…

А кога ќе дојдете вечерта дома, кога ќе се сетите на активностите поврзани со изминатиот ден и кога дел од нив ќе ви измамат насмевка на лицето, ќе знаете дека сте го победиле понеделник.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот