По стилот на познатите: Нема да и одолеете на оваа елегантна фризура

0

Секоја сезона носи одредени трендови, како за облека, така и за шминка и фризура.

Веројатно дел од вас ќе се сложат дека периодов се претера со фризурата со две плетенки која ја гледаме на девојките на секој чекор..

За да направите промена и да се издвоите со нешто поинакво, а сепак трендовско, пробајте да бидете едноставни, но елегантни и префинети во фризурата. Оваа уредна фризура од ниско собрано коњско опавче, може да ја носите на работа, со елегантни комбинации, па дури и за најсвечените прилики.

Дава впечаток на софистицираност и отменост, а е толку едноставна. Потребно е најпрвин добро да ја исчешлате косата, а потоа со мал чешел да го направите патецот и на крај да измазнете и да ја врзете косата.

beyonces-dramatic-hair-transformations-6

Особено за топлиот период кој следи, оваа фризура можете почесто да ја применувате. Ријана,Бијонсе, Селена Гомез се само мал дел од познатите дами кои ја носе оваа фризура на црвениот килим.

Бидете едноставни, а стилски префинети…

4-1348141857-beyonce__square

521254287_AX__164_3DE5A6DCDC75152A84BD51953982B82E

selena-gomez-hair-2014-3

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот