По раскинувањето, партнерите губат по осум пријатели

0

Кога двајца луѓе се во врска нивниот круг на пријатели се зголемува. Постoјано се заедно, излегуваат, се дружат си доаѓаат на гости. Многу социјални активности во кои сите уживаат. Но, што се случува кога ќе раскинат? Голем дел од нив повеќе никогаш не се гледаат, некои со објаснување, некои без, но во секој случај пријателствата никогаш нема да бидат тоа што биле.

Пријателите на момчето остануваат на едната страна, а пријателите на девојката од другата. Ретки се тие кои успеваат да го продолжат дружењето бидејќи на почетокот е многу тешко да се балансира помеѓу едната и другата страна.

Едно истражување на оваа тема вели дека по завршување на врската, партнерите најчесто губат одреден број пријатели бидејќи тие не сакаат да слушаат за неуспехот на врската.

Секој десети партнер открива дека по раскинувањето изгубил неколку пријатели кои се нашле во средина на случувањето.

Секој влече на своја страна, а за луѓето кои не се инволвирани тоа е товар.

friends-coffee-900__1474349206_92-53-30-159

Во просек по раскинувањето се губат по осум пријатели, од кои тројца се пријатели на поранешниот партнер, тројца се заеднички пријатели кои се стекнале за време на врската, а двајца се пријатели од претходно.

Од 2000 испитани луѓе, 31 % ги изгубиле пријателите. 48% изјавиле дека не можеле да бараат од нивните пријатели да бидат крај нив во тешките времиња.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот