По 17 години се враќа Нокиа 3310

0

Еден од првите мобилни телефони што воопшто ги имаше кај нас, повторно ќе се врати во употреба. Всушност, по 17 години, најиздржливиот модел на Нокиа, 3310, повторно ќе почне да се произведува.

Сигурно се сеќавате – тоа е оној телефон чија батерија издржуваше и до 4 дена и на кој можеше да се игра само „змија“.

Според првите официјални податоци, телефонот ќе биде промовиран во текот на оваа година во Барселона, а ќе чини 59 евра. Притоа ќе има долготрајна и речиси неуништива батерија.

Нокиа со години не го произведува овој модел, ама телефонот е и понатаму популарен, па некој конечно реши да го врати во живот.

Освен 3310, на конференцијата во Барселона ќе бидат претставени и други три телефони на Нокиа и тоа Нокиа 3, 5 и 6. Тие ќе користат андроид 7.0 оперативен систем и ќе чинат меѓу 150 и 250 евра. Телефоните ќе се продаваат и преку интернет, односно Амазон и Ибеј.

И иако ќе го носат името Нокиа, бидејќи компанијата не постои, тоа ќе бидат телефони на малку позната финска компанија, HMD Global, која само го откупила името минатиот декември.

Ако имате стара Нокиа дома, време е да ја извадите од фиоката и да ја вратите во употреба.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот