Пливање- рекреација за топ форма и добро здравје

0

Омилената физичка активност важи за една од најздрвите. Иако за време на летните денови сакате да уживате во морето, на плажите и во забавата, пливањето како рекреација многу позитивно влиаје на вашето тело и ги зацврстува мускулите.

По само неколу часа пливање може да почувстувате голема сила, флексибилност и издржливост на мускулите. Пливањето во слободен стил во време од 30 минути, троши околку 350 калории од телото.
Најтежок стил на пливање е „делфин“, за 30 минути се трошат 400 калории. Рамномерното пливање ги зацврстува сите мускули, бидејќи еднакво се користат нозете, рацете, стомакот грбот и прстите.
Стручните лица препорачуваат секојдневно пливање од 30 минути или минимално три пати во неделата. Поради тоа летото е одличен период за вежбање и зајакнување на телото со овој спорт.

Пливањето е физичка активност која многу позитивно вилијае на здравјето и тоа со следните бенифиции:

Здравје на срцето

Со пливањето се движи секој мускул на телото, вклучувајќи го и оној најважниот- срцето. Пливањето го зацврстува срцето и го стимулира пумпањето со што се подобрува циркулацијата на телото.

Влијае на мускулната маса и силата

Стручните лица во едно истражување потврдија дека за 8 недели со секојдневно вежбање бицепсот и трицепсот се зголемуваат за 23.8%. Со зголемувањето на мускулната маса се намалува маснотијата во телото со што здравјето не цело тело се подобрува. Пливањето е одлично за подобрување на здравјето на коските осбено кај жените за време на менопаузата.

Капацитет на белите дробови

Со помош на пливањето возрасните мажи и жени го подобруваат капацитетот на белите дробови- вели друго истражувањето. Во период од 12 недели капацитетот на белите дробови се зголемува дури 10% повеќе. Количината на крв што срцето ја пумпа се зголемува за 18%.

Холестерол

Пливањето помага за балансирање на добриот и лошиот холестерол. За секој 1% намалување на холестеролот, ризикот за срцеви заболувања се намалува за 3.5%.

Здравје на зглобовите

Пливањето овозможува нешто што ниту една друга физичка активност не може – можноста да го движите секој дел од телото, а да не правите притисок на скелетниот систем.
Со пливањето не правите притисок на зглобовите. Кога телото е во вода до половина вие носите само 50% од својата тежина, до гради 25 до 35% од својата тежина, а до глава 10% од својата тежина.

Пливањето согорува калории

Додека едни пливаат само поради здравје, на други овој спорт им е привлечен поради изгледот на пливачкото тело. Со редовно вежбањето телото станува вистинско совршенство.

Покрај тоа што може да се разладите во текот на жешките денови, пливањето е сигурен пат за добро здравје и здрав живот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум,задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар