Племе во кое децата сами ги бираат родителите

0

Племето Химба настанало во околината на градот Опува, во областа Кунeне во Северна Намибија. Оваа популација брои околу 50 000 жители, а претставува културолошки диверзитет бидејќи тоа се луѓе кои го сакаат номадскиот начин на живот. Претежно се издржуваат со сточарство и собирајќи плодови по земјата.

Тие се многу патријахален народ, веруваат во еден бог – Микуруа и склони се кон полигамијата. Нивниот социјален статус е одреден од количината на стока што ја поседуваат.

Бидејќи целиот живот им е подреден на сточарството, со оглед на тоа дека им е единствен извор на храна, тие често се селат од едно до друго место каде има подобри пасишта за животните.

Номадскиот начин на живот им овозможува да доаѓаат во допир со модерниот живот, кој не го доживуваат како толку привлечен. Тие ја задржале културната отпорност благодарение на строгите мерки за посета кои ги вовела Владата на Намибија заради нивна заштита. Иако, тоа не спречува дел од припадниците на ова племе кои живеат близу големите градови, да ги користат сите бенефити на урбаниот живот.

Специфични се и по физичкиот изглед. Имено, овој народ важи за еден од најубавите меѓу африкански племиња. Традиционлано, мажите и жените се движат половина голи, топлес и тука нема двоење. Носат здолништа изработени од животинска кожа во различни бои, а возрасните жени носат едноставни кожни наметки и кожни чорапи за да се заштитат од отровните животински гризнувања. Телото им е обложено со кал заради заштита од штетните сончеви зраци. Интересно е тоа што, покрај телото, тие и на косата ставаат мешавина на путер и пигмент на окер, така што добиваат црвенкаста нијанса која ја претставува земјата и плодноста, како и крвта, симбол на животот.

14483736_10211227335627048_1544532818_n

Жените имаат различен стил во зависност од тоа дали се во брак и колку се стари. Децата имаат по две плетенки на главата,а штом влезат во пубертет, плетенските се ставаат напред кон лицето.

Во племето Химба се верува дека децата треба да ги бираат родителите. Единствено што не може да изберат е кој ќе ги роди, бидејќи мора да почекаат и да видат дали жената ќе одлучи да има дете или не.

Кога таа ќе посака да стане мајка, оди во шумата и медитира додека не ја слушне песната на детето кое сака да го роди. Штом ја слушне, оди и наоѓа маж кој ќе биде татко на детето. Кога ќе го најде, го учи да ја слуша песната и пред да го зачнат физички детето, тие заедно ја пеат за да го повикаат.

Тоа е песна која треба да ја научат и останатите жени во селото за да го дочекаат детето штом се роди.

Племето Химба е народ кој воодушевува и ќе продолжи да го држи интересот на западниот свет и во иднина.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот