Плејлиста за овој викенд…

0

Пред самиот праг на зимата, се што сакаме е да се загрееме во нашиот дом, да креираме топла атмосфера кадешто ќе можеме максимално да се опуштиме и релаксираме од сите работни обврски кои секојдневно не окупираат.

Музиката е одличен начин за да го сториме тоа!

Истражувањата покажуваат дека слушањето музика може многу лесно да го промени расположението и да го подобри квалитетот на животот.
Популарноста на светските фестивали и он-лајн сајтовите за спуштање и слушање музика како Spotify и Pandora покажуваат колку многу музиката е дел од нашата култура и стил на живеење.

Истражувачите пак го надополнуваат резултатот со тоа што тврдат дека музиката исто така има големо влијание врз здравјето.

Научниците од Универзитетот од Мисури направиле истражување кое им покажало дека слушањето гласна музика инстант го зголемува и подобрува расположението.

Благодарение на музиката, луѓето успеваат полесно да ги надминат тешкотиите!

Во студијата, учесниците имале позитивен ефект откако им било кажано да слушаат повесела музика, но музиката не служи само за моментално подобрување на расположението, туку помага и со справување на тешки емотивни ситуации.

Заклучокот е дека музиката е посакуван дел од секојдневието и помага во секој сегмент од животот.

За таа цел Хотел Влахо издвои плејлиста со неколку песни и албуми кои со сигурност ќе ве расположат и ќе влијаат позитивно врз вашето здравје:

За почеток на денот

Една од највеселите песни

Подготвени за танц?

Позитивните вибрации се секогаш добредојдени!

Секогаш треба да веруваме во љубовта!

За девојките кои сакаат да се забавуваат…

Jazz по полноќ…

За крај уживајте во времето поминато со добра музика…

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.