„Планктонс“ го носат сурф – рок звукот на македонската музичка сцена!

0

„Градот не спие, Планктонс сонуваат и кога се будни.“

Планктонс“ – скопско трио, кое на нашата сцена е присутно веќе две години (од 2015), зад себе имаат издадено EP ( extend play ) со наслов “El Plancton” и моментално работат на нивниот прв студиски албум кој ќе биде издаден кон крајот на оваа година.

Обележје на бендот е музичкиот правец „сурф – рок“ со фанк и џез примеси.

„Планктонс“ го сочинуваат Марко Трендафиловски (тапани), Дарко Поповски (бас) и Кристијан Караџовски (гитара). Слушнете го нивниот сингл „Сон“ кој е издаден на 5.7.2017, а воедно ќе биде дел од нивниот албум “Денес”.

За оние кои не се запознаени со овој музичи правец, препознатлив за 60тите и 70тите години топло Ви препорачуваме да ги слушнете „Планктонс“ и да уживате во звукот на „crashing waves“.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар