Планирање на семејството, да или не?

0

Планирањето на семејството стана тренд во современото опшество. Па така често може да слушнеме од некој “Па не планираме деца за брзо”. Да, точно, стресното опшество, нездравиот начин на живот ги поттикнува поновите генерации да го планираат своето семејство.

Освен од здравствени причини планирањето на семејство е значајно од економски и социјален аспект.
Најпрво треба да се провери здравствената состојба на идните мајка и татко, да се провери можноста од ризичка бременост, со цел да бидат заштитени и мајката и новороденчето. Треба идните родители да се подготват психофизички за новата улога во животот.

Со откривање на своите приоритети идните родители психички се подготвуваат за новиот член во семејството. Доколку е возможно, убаво би било доколку се посетува одредена едукација.
Некои се против планирање, но овој тренд го наметна брзиот начин на живот во кои ништо неможе да не изненади.

Пред да се планира семејството треба да се осигураме дека:
-заштита на здравјето на жената и намалување на ризичните бремености
-заштита на здравјето на децата и допуштање на мајката да остави доволно време измеѓу двете бремености
-заштита на околината, намалување на морталитетот, а зголемување на наталитетот

Дали и вие го планирате семејството? Ако не, сигурно ве убедивме да го испланирате своето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот