Планински велосипедизам – љубителите на адреналин знаат зошто

0

Маунтинбајкот или планински велосипедизам е одлична комбинација за сите љубители на природата и велосипедизмот.

Овој тип на спорт е одличен за сите авантуристи кои сакаат предизвици и се подготвени да го истражуваат теренот.

Пред да се впуштите во една ваква авантура пред се, мора да бидете физички подготвени и да ја земете во предвид вашата спремност. Доколку се решите за маунтинбајкот тогаш ви е потребен добар велосипед, специјално дизајниран за овој спорт.

Маунтинбајкот претставува одлична вежба за телото. Искачувањето и спуштањето по планините или ридските предели воопшто не е лесно, но е многу возбудливо. Што се однесува на калориите, со еден час возење согорувате 500 – 600 калории, ги обликувате нозете и задникот, но и стомачните мускули.

Како секој спорт, така и овој е одличен за ослободување на стресот. Активноста во природа и чистиот воздух одлично влијаат во подобрување на психолошката состојба и здравје.

Значајно за почетниците е детално да го истражат теренот и временските услови и да се обезбедат со потребната опрема.

За инспирација, предлагаме топ 5 маунтинбајкери кои може да ги следите од вашите инстаграм профили:

1.Josh Bryceland https://www.instagram.com/ratboy_bryce/

2.Olly Wilkins https://www.instagram.com/odub_23/

3.Yoann Barelli https://www.instagram.com/yoannbarelli/

4. Tom van Steenbergen https://www.instagram.com/tvansteenbergen/

  1. Rémy Métailler https://www.instagram.com/remymetailler/

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот