Планетата Земја не ја наследуваме од нашите предци, туку ја позајмуваме од нашите деца

0

Денот на планетата Земја секоја година се означува на 22 април. Официјалната дата е утврдена во 1970 година во САД, а од 1992 година се означува и на светско ниво со низа активности.

Во текот на годината читаме за бројки на загаденост и истребување на животински видови кои не плашат, а наша обврска е да се намалуваат бројките од година во година.

Токму затоа, овогодинешната кампања  „Заштитете ги нашите видови“ (Protect Our Species) чија цел е покрај подигнување на свеста, е да се едуцира јавноста за брзото намалување на популацијата на растенија и диви животни предизвикано од човечки активности.

Секое живо суштества има суштинска вредност, уникатна улога во комплексната мрежа на животот. Секој човек мора да даде се од себе и да соработува за да ги заштити загрозените видови: пчели, корални гребени, слонови, жирафи, инсекти, китови и многу други.

Целта на кампањата е да се едуцираат луѓето на оваа тема, да станат свесни дека секој вид може да го снема во кој било момент ако не се преземе нешто, да се стави акцент на последиците од изумирањето, да се извојува победа со секој зачуван живот и да се изгради глобaлно движење кое ќе ja  прифати природата и сите нејзини вредности.

Време е да се индивидуализираат акциите, да се потенцира микро нивото на промената, да се поттикне растителната исхрана и да се запре употребата на пестициди.

Секој од нас може да биде дел од активноста за заштита на планетата Земја. Активностите кои ќе ги почнеме денес, да немаат краен рок, бидејќи најголемата закана за природата е помислата дека некој друг ќе ја зачува.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот