Пламенка Трајковска – „Гудачки квартет во наше маало”, 4 концерти на класична музика наменети за деца

0

На 26 февруари во основното училиште “Лазо Ангеловски” ќе се оддржи првиот од четирите концерти на класична музика наменети за деца во организација на Пламенка Трајковска – мали камерни состави во рамките на нивниот проект ,,Класика за деца”.  Концертите насловени како „Гудачки квартет во наше маало” ќе се одржат во неколку општини на главниот град, а целта е запознавање и доближување на класичната музика до децата. Концертите се наменети за широка публика и за учениците од училиштата кои ретко или никогаш не посетиле концерт од класична музика. Посебно внимение ќе биде посветено на најмладата публика кај која ке биде побуден интересот за музичките инструменти како виолина, виола и виолончело.

На концертот ќе бидат изведени дела од Ј.С. Бах, Л.Бокерини, , Ж. Бизе, П.И Чајковски и Офенбах, а посетителите ќе можат да уживаат и во феноменалната изведба на традиционалите македонски песни .

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.