Пипа Мидлтон на драстична диета пред венчавката

0

Пипа Мидлтон, сестрата на принцезата Кејт, иако секогаш изгледа одлично, се чини дека сега на еден месец пред венчавката, драстично внимава на килограмите и држи специфично ригорозна диета. Sirtfood режимот на исхрана се смета за екстремно ограничувачки и иако е ефикасен, може да доведе со сериозно здравствени проблеми.

Се работи за намирници кои се богати со протеини кои го штитат телото од воспаленија. Секојдневно конзумирање на дваесетина намирници како што се: ореви, какао, јагоди, кафе, кељ и црвено вино кои го забрзуваат метаболизмот и потрошувачката на калории.

Во последно време, овој режим на исхрана е многу актуелен кај жените бидејќи ефектот е неизбежен, но сепак нутриционисите предупредуваат на проблеми кои може да се јават во првата фаза на диетата која трае седум дена, бидејќи во првите три дена дозволено е внес на само 1000 калории дневно.

Тогаш се јаде само еднаш во денот, а во остатокот дозволено е да се внесува само зелен сок. Втората фаза е од 14 дена кога се дозволени 3 оброци.

Пипа Мидлтон истовремено и вежба и изгледа неверојатно добро. Сепак, за оние кои би сакале да го следат нејзиниот пример би требало да бидат повнимателни.