Пикник промоција на водичот ЗДРАВО СКОПЈЕ

0

Опуштено, спонтано, весело, разиграно, надополнето со розови балони, највкусни јаболчиња, карирани ќебенца и скопски шлагери – така беше вчера на пикник промоцијата на ЗДРАВО СКОПЈЕ.

Преполно со деца, домашни миленичиња, родители, баби и дедовци кои максимално ја подгреаја атмосферата заедно со сонцето кое силно светеше во чест на ретро амбиентот по повод вчерашната промоција. Навистина беше журка за паметење, затоа што амбиентално нè врати во едно прекрасно време кога одевме на пикник и кога се дружевме во живо, а не на социјалните мрежи.

Добре дојде, ЗДРАВО СКОПЈЕ, и продолжи да носиш насмевки и да будиш емоции!

Остави коментар