Пиете по 4 кафиња дневно? Имаме добри вести за вас

0

Новото истражување направено од страна на шпанските научници покажува дека честата консумација на кафе го намалува нивото на смртност.

Ова истражување било презентирано на Европскиот конгрес на кардиолози во Шпанија.

Податоците покажуваат дека кај луѓето кои дневно пијат најмалку по 4 кафиња, постојат 64% помалку од помал ризик на смртност од оние кои ретко или воопшто не консумираат кафе.
Во истражувањето кое траело десет години учествувале 20.000 испитаници.
Исто така, кај лицата постари од 45год. 30% е помал ризикот ако пиеле дополнителни две шолји кафе во денот.

Кардиологот на болницата во кое е направно истражувањето, Др. Адел Наваро, изјавила дека 4 шолји кафе се вистинската мерка.
Ова истражување како и многу други слични на ова, укажуваат дека кафето делува одлично на организмот.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот