Петрески советува: Како до беспрекорна кожа оваа есен

0

Кога температурата започнува да опаѓа, значително се зголемува влажноста на воздухот, ладниот и сув ветер стануваат дел од секојдневието од исклучителна важност е добрата и квалитетна нега на кожата, а посебно на лицето.  Пристигнувањето на есента бара од вас да и пружите на вашата кожа поголема нега и грижа. Стручниот тим на Центарот за телесно здравје Петрески, ве советува како до беспрекорна кожа во есен користејки третмани за нега на лице и тело.

Во текот на овој есенски период идеално е да применувате хигиенски пакет за лице со кислороден третман за совршена чиста кожа. Третманот содржи серија на пилинзи, маски, серуми, ампули на база на етерични масла и витамин Е. Третманот се прави на секои 30-35 дена, а со него загарантирана е прекрасната сјајна и тонирана кожа во текот на целата година.
14606391_1800872813530192_1891404031406064795_n
За исфрлање на сите отровни материи и течности од телот се препорачува анитиоксидант третман со зелен чај. Тој опфаќа кислороден пилинг или врап за тело со зелен чај, едноставно и брзо се изведува, а притоа ја измазнува и зајакнува кожата.

Покрај овие третмани во Центарот за телесно здравје се достапни и голем број на терапевтски услуги пропратени со медицинска масажа, релакс масажи како што се масажа со чоколадо, масажа со јаболка, морска сол, мед, индонезиска, египетска, спортска масажа, сауна, третмани на лице и депилација.

Повеќе информации за услугите кои ги нуди центарот може да се погледат на:
https://www.facebook.com/CTZPetreski/
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.