5 совети како рационално да ги потрошите парите на Garage sale

0

Летото е време на попусти. Без оглед на тоа со колкав буџет располагате, да ги потрошите парите разумно е секогаш најдобра опција за да добиете што повеќе за вашите пари. Одлична можност за ова се попустите. Искористете ја можноста да додадете неколку нови парчиња облека во вашиот гардеробер, купете го накитот што го гледавте неколку пати или некој производ за дома. Еве 5 совети кои ќе овозможат вашиот шопинг да помине одлично.

  1. Направете буџет и следете го вашето трошење континуирано

Определете точно колку пари имате на располагање и што ви е потребно за купување. Импулсивните одлуки можат да направат да потрошите многу повеќе од колку што сте имале во план, па затоа запишете си точно што ви треба да купите додека сте дома.

11864995_950890914966956_5775283732215864752_o__1471252027_46.217.70.71

  1. Избегнете ги импулсивните купувања

Ако планирањето за купување однапред е одлична идеја, импулсивното купување е најлоша. Не ги разгледувајте излозите и продавниците од забава. Доколку купувате нешто само затоа што за вас шопингот е забавен, најверојатно е дека ќе потрошите премногу на работи што не ви требаат.

  1. Одете на шопинг сами

Пријателите чии вкусови ги почитувате може да ве наведат да потрошите повеќе пари. Исто така, не ги следете советите на вработените од продавниците. Доколку имате некои прашања поставете ги слободно и смирено, меѓутоа пробајте да ги игнорирате советите кои ве наведуваат на купување.

12697042_1033167596739287_563529789576254802_o__1471251909_46.217.70.71

  1. Плаќајте со кеш

Кредитните или дебитните картички ќе го зголемат вашето трошење од две причини. Имате многу повеќе пари на располагање од вообичаено и поради тоа што нема вистинска размена на пари, вашиот мозок не го регистрира купувањето како вистинско купување. Исто така не носете повеќе пари од потребното. Едноставно е, ако немате повеќе пари нема да ги потрошите.

  1. Потрошете повеќе на квалитетна облека

Трошење пари на висококвалитетни чевли кои ќе траат подолго може да ви донесе заштеда на долг рок. Сепак, запомнете дека цената не гарантира и квалитет, па затоа информирајте се доволно.

Доколку знаете  дека немате потреба од одреден производ денес, но ќе ви треба во блиска иднина, не се двоумете да го купите на попуст. Одлична можност за купување претставува Garage Sale организиран од Рамстор Мол од 17ти до 21ви август. Искористете ја оваа можност да ги купите сите работи што ви се потребни на едно место и во релаксирана атмосфера.

11856510_950890051633709_6058980234297008652_o__1471252102_46.217.70.71

Пријатно купување.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум,задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот