Пет причини зошто портокалот е број 1 овошје за празниците

0

Ова освежувачко овошје претставува совршена ужина бидејќи е богато со минерали, витамин Ц и вода која не освежува, токму заради тоа и е добрeдојдено на празичната трпеза.

Моќни минерали

Освен витаминот Ц, портокалите се богати со минерали – калциум и калиум и магнезиум. Калциумот ги чува коските, а калиумот нервниот систем и мускулните ткива, освен тоа, неопходен е за одржување рамнотежа како и за водата во организмот.

Идеално овошје за трудниците и пушачите

Познато е дека витаминот Ц го уништува никотиниот, па често и се вели дека ако на непушачот му е потребен еден портокал за заштита од настинка, на пушачот му се потребни три. Ова овошје е идеално и за трудниците бидејќи е богато со фолнa киселина, неопходна за развој на фетусот.

Висок процент на вода

Портокалите содржaт дури 86 посто вода, па брзо го заситуваат организмот. Одберете ги оние со помалку рапава кора бидејќи се посочни и послатки.

Внатрешната лековита страна на кората

Флавоноидите се моќни антиоксиданси кои во најголем дел се наоѓаат во внатрешниот бел дел од кората на портокалот и го намалуваат ризикот од мозочен удар.

Етерично масло против бактерии

Уште древните цивилизации знаеле за благодетите на ова овошје. Тие го користеле етеричното масло од портокал кое има фунгицидно и антибактериско дејство.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.