5 предлози како да заблескате на новогодишната ноќ!

0

Секако дека црниот мал фустан е незаменливо парче и совршен избор за секоја пригода, но овој пат ви презентираме свежи идеи за тоа како да заблескате на новогодишната ноќ и да се истакнете од толпата.

Дочекајте ја новата година со нов, свеж изглед.

Излезете од рамката на монотоното секојдневие и надополнете го вашиот изглед со парчиња кои никогаш не излегуваат од тренд. Единствено накитот ја поседува таа моќ и е одличен моден додаток со кој ќе го комплетирате вашиот изглед.

Накитот може да го најдете во Nina Box Скопје City Mall.

Додадете сјај и заблескајте. Празничната сезона е совршено време за да го сторите тоа.

Rock and roll принцеза

Металикот фустани се неизбежни и оваа сезона. Како неутрални парчиња тие можат да бидат надополнети со разновиден накит.
Комплетирајте го изгледот со тоа што ќе додадете накит со камчиња во разни бои и ќе ја истакнете вашата понежна страна.

Зелена сензација


Зелената боја е смирувачка, а плишаните фустани во различни зелени тонови се во тренд. Доколку се одлучите за ваков или сличен изглед, надополнете го со накит со кој суптилно ќе откриете дел од вашата „дива“ страна. Не заборавајте – се е во деталите.

Страствена црвена

Празнични, страствени и неодлоливи. Винската црвена боја е впечатлива сама по себе, додека надополнета со вистинскиот избор на накит, внесува мала доза на луксуз. Се што ви е потребно за да заблескате во новогодишната ноќ.

Зимска кралица

Нежни, заводливи и деликатни. Ако белата боја е вашиот избор за новогодишната ноќ, и изборот на накит е огромен, а со тоа имате безброј начини да комбинирате. Може да одберете ланче со едноставен, но впечатлив дизајн и да заблескате како кралица од некоја зимска бајка.

Костим за новогодишната ноќ? – Секако!

Парчињата во црна боја се неизбежни кога станува збор за секаков вид на свечености.
Елегантниот црн костим може да изгледа привлечно и секси, надополнет со доминантен избор на накит во боја. Ваквиот избор ќе даде свежина на и луксуз на целиот изглед и пренесува порака на силна и моќна жена.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.