Пет нови претстави во Драмски театар во 2017 година

0

На конкурсот за Годишна програма на националните установи, која на веб страницата деновиве ја објави Министерството за култура, Драмски театар – Скопје за годинава конкурираше со шест претстави, од кои се одобрени.

Тоа се „Смртта на Дантон“ на Георг Бихнер, во режија на Иван Манасковски, „Вера, љубов, надеж“ на Еден фон Хорват, во режија на Лука Кортина, „Атена со пенис“ на Александар Русјаков, во режија на Синиша Евтимов, „Љубовта на Федра“ на Сара Кејн, во режија на Оливер Фрљиќ и „Неподносливо долги прегратки“ на Иван Александрович Вирипаев, а во режија на Галин Стоев.

„Во репертоарот на НУ Драмски театар – Скопје за 2017 година е запазена намерата на Театарот секоја година да поставува драмски текстови од домашни автори, како и да даде шанса и да промовира млади и талентирани режисери. Проверените и докажани режисерски имиња од странство кои треба да режираат на сцената на Драмски театар – Скопје е само потврда на заложбите на Театарот за отворен проток на идеи и за промоција на современите европски трендови на сцената на Театарот“, пишува во соопштението од Драмски театар – Скопје.

Во моментов е во печат и монографијата „70 години НУ Драмски театар – Скопје“, која е во завршна фаза на изработка.
Во 2016 година Драмски театар-Скопје одиграл 203 претстави, кои ги погледнале 36.272 гледачи.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот