5 навики кои ќе ви помогнат да се збогатите во новата година!

0

Дали сте знаеле дека вашиот мозок управува со вашите пари?

Ако не сте запознаени со основните финансиски концепти – и како вашиот мозок се поврзува со нив – тогаш вие трошите повеќе отколку што имате.
Во оваа статија ви презентираме неколку принципи за тоа како мозокот ги перцепира парите.

Секој принцип вклучува вежба која ќе ве поттикне да ја увидите врската помеѓу мозокот и парите.

5 начини како да го зголемите приходот!

1. На мозокот му недостасува награда

Мозокот функционира така што постојано бара награда. Но, кога станува збор за заработување пари и стекнување богатство, невозможно е веднаш да добитете награда за вашите заслуги.

Имајќи во предвид дека 80% проценти од населението располага со буџет помал од 10$ дневно, а половина со помалку од 2.50$, и те како имате за што да бидете благодарни. Но, вашиот мозок не го ни перцепира овој факт.

Вежба 1

Наутро, одвојте 5 минути од вашето време и запишете 2 или 3 работи за кои сте благодарни.
Чувајте го списокот во вашиот џеб, чанта, паричник и секојпат кога сте под стрес дека немате доволно пари, прочитајте што сте запишале.

2. Вие ја имате контролата

Додека се мисли дека нашиот мозок е релативно примитивен, сивата материја се уште e во голема контрола врз нашите мисли.
Како таква, од суштинско значење е да посветите време во проценување на вашите силни страни, но и слабости.

Кои се вашите ставови, како се однесувате со средствата со кои располагате и кои се вашите стравови кои можат да влијаат врз напорите да заработите повеќе пари? Дали сте импулсен потрошувач? Можете ли да оддолеете на добра зделка? Дали приоретизирате заштеда?

Вежба 2

Една недела, носете мал, џебен нотес.
Секогаш кога ќе купите нешто, запишете го името на производот и дали тоа е “потреба” или “желба”.
По 7 дена, седнете и разгледајте ја секоја ставка купена во текот на целата недела.

Како се чувствувате? Дали сте сé уште среќни дека сте ги купиле тие работи? Какви промени ќе направите понатаму?

3. Парите не ве инспирираат!

Кои се вашите основни потреби?
На луѓето им се потребни 4 нешта: храна, секс, засолниште и вода. Ова се примарните мотиватори.
Парите се секундарни мотиватори и во зависност од тоа како ги користите тие се помалку или повеќе важни.
Доколку целите кон тоа да поседувате голема куќа, убав автомобил, мотор, скапоцен накит, итн. овие желби можат да доведат до преоптоварување, а како резултат на тоа, вие ќе бидете среќни само ако трошите повеќе.

Вежба 3

Размислете на сите поголеми купувања што сте ги направиле во текот на изминатата година или две. Земете 10-15 минути да се потсетите на сите нив. Откако сте запишале сè, поставете си ги следниве прашања:
– Дали овие работи се одразуваат на моите цели и вредности?
– Дали повторно би ги купил/а овие работи?
– Размислете како вашите одговори можат да влијаат врз вашите одлуки за купување.

4. Апстрактна врска помеѓу парите и желбите

Како што споменавме, самите пари не се мотивирачка сила за мозокот. Меѓутоа, контекстуализирачките мотивации – финансиска сигурност, управување со пари, вредноста на парите, мир на умот итн. – му помагаат на мозокот да ја зацврсти апстрактната врска помеѓу парите и желбите.

Вашиот мозок дава приоритет на она што постојано го правите и мислите. Персонализирањето на пари преку одлучување за нивната намена и воспоставување навики за таа цел може да ја зајакне потребата на мозокот за интелектуална супстанција.

Вежба 4

Запиштете ги одговорите на следниве прашања:
– Од каде доаѓа вашата желба да заработите повеќе пари?
– Дали вашите парични навики се во согласност со оваа желба?
– Кои промени може да ги направите за да го искористите приход кој моментално сте го заработиле, и да основате подлога за заработување повеќе?

5. Вашиот мозок е способен за неверојатен раст

Ние сме човечки суштества, и понекогаш може да се чувствуваме како да е речиси невозможно да ги смениме лошите навики поврзани со парите, да научиме како да се стекнеме со богатство итн. Но, ова не е точно.

Невролозите откриле дека мозокот продолжува да расте низ целиот живот. Ова значи дека никогаш не е доцна да бидеме што сакаме, да го постигнеме она што го сакаме и да носиме подобри одлуки.

Нашиот мозок бара дисциплина, фокус и посветеност, ние можеме да ги обликуваме нашите ставови, однесувања и постапки на начин кој е погоден за постигнување на финансиска слобода!

Вежба 5

Погледнете го ТЕД-разговорот наречен “Growing evidence of brain plasticity” од д-р Мајкл Мерзенич. Во својата презентација, д-р Мерзенич – пионер во областа на неврологијата – објаснува како мозокот може да стекне нови вештини на учење на која било возраст.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.