5 модни реквизити кои можете да ги”украдете” од познатите

0

Повеќе од јасно е дека стилот од 90те години се враќа на моданата сцена. Познатите личности не се имуни на трендовите, тоа го знаеме оти тие ги предводат. Во таа насока, погледнете кои модни реквизити ги обожаваат познатите, а вие можете да “украдете” некоја идеја.

Околувратник

Celebrity-Chokers

Да, се вратија во мода.Без разлика дали се од кожа или пак друг материјал тие се нодат на големо. Трендот од 90-тите се повеќе зема замав. Позитивната страна е што има толку голем избор кој можете да го комбинирате со секоја облека. На крајот, отворете цтсрите кутии за накит на вашите сестри или мајки и завршена работа.

Тркалезни обетки

Hoop-Earrings-celebrity

Помина долго време откако обетките беа на големата модна сцена, ама се враќаат. Ова се аксесоари полни со став и појава. Пробајте го пристапот на Џесика Алба, минимлалистички, а впечатлив.

Пом – пом декорации за чанти  

Bag-Decorations

Пом-пом декорациите за чанти се уште еден моден додаток кој е се поактуелен. Забавно, интересно и стилизирано. Познатите постојано носат вакви комбинации надополнети со крзнени синџири. Една од фановите на пом-пом стилот е и Кнедал Џенер која ги има во изобилство.

Чизми над колена

OTK-Boots

Сезоната на стуг помина, но дефинитивно можете да инвестирате во вакви чизми за следната сезона. Оливира Палеро е голем фан на овој стил.Комбинирајте ги со краток фустан или тесни фармерки.

Накит за коса

Bejewelled-Hair-Accessories

Како околувратникот, така и накитот за коса патуваше низ времето. Од 90те се пресели во 2016 година.Одлично изгледа на опуштена фризура, му дава дозиран гламур на целиот изглед.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот