Песните од нашето детство

0

Песните од детските фестивалчиња и емисиите за деца кои ги имаше во изобилство кога ние бевме деца ги слушавме постојано. Децата кои ги пееја беа ѕвездите на генерацијата. На приредби се пееја нивните песни, се правеа кореографии на ритмичките групи, се пееја и слушаа на родендени. Немаше дете кое не ја знаеше “Никола, Никола”, “Ех тој Тоше”, “Марионка”, “Дувна ветре развигорче”, “Прва љубов” и многу други.

Што е најинтересно е тоа што и денешните деца ги знаат овие песни напамет. Веројатно и заради нивните родители кои ги слушале додека растеле и ги знаат да ги пеат, децата и денес ги обожаваат.

 Не значи дека песничките од денешните фестивали не се слушани, но овие старите како да станаа детски евергрини.

Ние ве потсетуваме преку видео на песните од нашето детство, оние со кои израснавме и со кои ги раснеме нашите деца.

“Никола, Никола”

“Ало амбуланта”

“Ех тој Тоше”

“Летај, летај бубамаро”

“Кога се лути тато”

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот