Песни што ќе ве загреат оваа зима

0

Музиката секогаш знае да нè крене, да не размрда, да не расположи, да ни ги згрее срцата.

Зимата уште не е официјално почната, ама деновите се сè постудени. Токму затоа одбравме пет песни што сигурно ќе ве згреат во периодот што доаѓа.

Bruno Mars – Perm

Во песната Бруно Марс ве советува да заборавите на Инстаграм, Твитер и на социјалните мрежи и да станете да заиграте.

Sia – Never Give Up

Како и секогаш, австралиската пејачка пее за големата животна борба и ве советува да не се откажувате.

LP – Lost On You

Без објаснување – доволно е да ја слушнете оваа кантри рок балада за да се заљубите во неа.

Neiked – Sexual

Шведскиот продуцент има само една порака – бидете интимни и сакајте се, тоа е убавината на животот.

DNCE – Body Talk

Оваа песна е совршена за играње пред да тргнете во град. Екстра поени одат на фактот што во групата членува Џо Џонас.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.