PERRIS MONTE CARLO – златна колекција која ја претставува моќта, луксузот, успехот и истрајноста

0

Колекцијата Perris Monte Carlo е создадена да буди интерес со својата разновидна и извонредна понуда на мириси која е композиција од најдобрите состојки.

Резултатот на таквите страсти инспирираше креирање на комплицирана мешавина – секоја од нив е ексклузивна, престижна и елегантна во својот карактер.

Во повеќето култури златото претставува моќ, богатство, луксуз, успех, трајност…

Златната боја е бојата на престижот и е асоцијација на квалитет. Златото е секаде околу нас: во дизајн на ентериер, облека, асесоари, мода, во парфимериите.. Златните тонови се секогаш поврзани со добриот вкус и софистицираноста. За да го нагласи квалитетот и уникатноста на состојките, Perris Monte Carlo одлучи да дизајнира префинета амбалажа декорирана со златни мотиви.

„Облечена“ во златно, ексклузивната линија на Perris Monte Carlo изгледа елегантно, престижно, селективно и современо.

Perris Monte Carlo претставува совршен баланс на традицијата и иновацијата: традиционално истражување на природните состојки и процес на екстракција во комбинација со иновативната формула ја истакнува природната убавина на состојките.

Креативниот директор Gian Luca Perris е втората генерација на семејството Perris која е вклучена во престижната парфемска индустрија. Неговата мисија е потрага по најфините состојки низ целиот свет со цел да создаде уникатна мирисна композиција.

*EAU DE PARFUM – интензивна и сензуална есенција во царството на парфемите…

Безвременски, а неспорно модерна парфемска вода,која го слави постоењето на осум драгоцени есенции, направени во осум елегантни, ориентални мешавини кои го изоструваат сетилата.

Секој од мирисите буди емоција на свој начин, секој е составен од скапоцени суровини, откриени на сите континенти за време на семејните истражувања на различните културни и природи.

Eau de parfum претставува множество од 3 колекции:

ITALY COLLECTION -Омаж на цитрусните есенцијали од Италија…Инспирацијата за овогодинешната колекција потекнува од руралната идила на јужна Италија. Тројниот акорд го нагласува цитрусното овошје кое се одгледува блиску до Неапол, во градот Капуа, кој е познат по изработката на агруми уште од 1880 година. Италијанската колекција ја чува топлината на зраците во секое шише, а ја нагласува прородата цитрус кедар, мандарина и бергамот.

GOLD COLLECTION – Оддава почит кон Блискиот исток…

Златната колекција се состои од првите мириси создадени за лансирањето на Perris Monte Carlo. Тоа е префинета, модерна, ориентална колекција која настанала под влијание на Блискиот исток. Инспирирана од сликовите предели на вековната мирисна култура и исклучителни суровини кои се сретнуваат на секој чекор. Овие искуства, пренесени на парфемска композиција, создадоа уникатна и престижна колекција.

BLACK COLLECTION – Во чест на природните богатства…

Дизајниран после долг процес на детални истражувања на некои исклучителни состојки за изработка на парфемски есенции, ова е извонредно успешна колекција чиј квалитет е препознатлив од љубителите на убави парфеми, но и од професионалците од оваа бранша.

EXTRAITS COLLECTION

Искуството на мирисите во најчиста форма…

Инспирирана од успехот на куќата Perris Monte Carlo, колекцијата нуди концентрирани екстракти на секој од познатите парфеми во најчиста форма. Секој екстракт од неговата парфмеска вода се разликува во финесите, правејќи ги овие познати мириси уште побогати, раскошни и поубави.

TRAVEL KIT

Парфемски екстракти во пакет за патување…

Совршен за одмор или викенд патувања, лесен за пакување и носење. Во сетот има шише со спреј во луксузно пакување од магнезиум бакелит и 4 шишиња од 7.5ml чист парфем екстракт.