Перфектно потпечена паста

0

Превкусни тестенини фил од брокула и кромид и специфичен бешамел сос за денешното мени.

Состојки:

1 пак. тестенини

маслиново масло

1 китка брокула

1 кромид

малку лук

За БЕШАМЕЛОТ ќе ви треба:

50 гр. путер

1л. пилешки бујон

2 лажици брашно

една рака пармезан

сецкан магдонос

Подготовка:

Чекор 1: Во големо тенџере ставете многу вода и ставете ја на оган. Додадете сол и оставете да зоврие и додадете ги тестенините. Варете ги ал денте, да не бидат преварени. Преварени тестенини не можат да го примат сосот, ја губат структурата и се раскашавуваат. Додадете маслиново масло и промешајте. Маслото се додава за да не се залепат едни за други. Тестенините ставете ги во Ростер тавата.

Чекор 2: Брокулите ставете ги во тавата за пржење, додадете го ситно исецканиот лук и оставете да продинстаат. Кога ќе бидат готови ставете ги над тестенините.

Чекор 3: Во сад ставете го путерот да се растопи. Додадете го брашното и пилешкиот бујон. Кога смесата ќе згусне, додадете го пармезанот и сецканиот магдонос. Прелејте го бешамелот над зеленчукот во тавата.

Чекор 4: Печете во загреана рерна на 200 степени со вентилатор додека да зарумени.

Чекор 5: Сервирајте!

СОВЕТ: Користете квалитетни тестенини. Фичо вели: Животот е прекраток за да јадете евтина паста! 🙂