Пераст, градот каде што се чувствува историјата

0

Пераст е мала приморска населба во црногорската општина Котор. Претставува музеј на отворено во Бока Которска бидеќи во Пераст се наоѓаат палати, стари цркви и куќи од камен.

Пераст е најпознат по морето и морнарството. Уште од 1336. година, Пераст имал бродоградилиште кое функционирало се до 1813. година. Своевремено, оваа населба добила и статус на општина, од 1580. до 1950. година. Врвот на својот развој, Пераст го доживува во 17. и и 18. век кога по светските мориња половеле повеќе од стотина бродови кои биле направени во бродоградилиштето во Пераст. Следствено на ова, најголемиот дел од градбите потекунуваат од овие два века, а меѓу населението често се слуша приказната дека за време на овие два века, Пераст бил омилена дестинација за одмор на руските кралеви.

perast-1472124371-95058

Планот на градот е сосема едноставен. Една долга улица ги води жителите и туристите покрај морскиот брег, а на делови од неа има камени скали кои водат кон ритчињата над градот.

perast-1472124036-95056

Во центарот на градот се наоѓа мал плоштад, а негово главно обележје е црквата Св. Никола со својата импресивна камбанарија која е висока 55 метри. Постоечката црква датира од седумнаесеттиот век, а градбата комплетно е завршена во 1691 година. Во Пераст, освен оваа има уште 17 други цркви, а интересна за туристите е и црквата Св. Ана која се наоѓа високо над гратчето и чиј двор нуди прекрасен поглед кон Јадранот.

perast-1472124682-95060

Палатите во Пераст, од кои денес, за жал некои се запуштени и обраснати со трева сводочат за златната доба на овој град. Палатите во Пераст биле градени во 17 и 18 век во ренесансно – барокна архитектура. Во некогашната позната палата Бујович денес се наоѓа Музејот на Пераст со бројни документи и слики кои сведочат за богатата и бурна историја на овој град.

perast-1472125144-95064

Иако имал бурна историја, Пераст денеска е сосема мирен град во кој ви се чини дека одвреме-навреме и самото време застанува. Тој ги привлекува модерните морепловци и морнари, патниците, уметниците, историчарите, архитектите, сонувачите за убавина. Пераст е идеален за мирни фамилијарни одмори исполенти со долги прошетки и за заљубените патници.

perast-1472125249-95066 perast-1472123948-95054 perast-1472124834-95062 При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар