Пеперутки – Вилијам Стенли Мервин

0

Студено е овде
во железната трева
при дното на невидливата статуа
извајана од неизлечивите и од нив наречена
правда.

Од голема раздалечина
публиката ги набљудува черепите
на лидерите
нанижани на ист црв.

Мракот се дига низ шајка,

А јас се враќам кон дамна измината ноќ
во која паѓа дожд
и крик допира од станиците
додека на дофат од рака глас на жена
во грне под ветрот
се обидува да пее.

Никој не и покажал
никаква статуа
музика се издига низ неа
и речиси започнува
а пеперутките
лежат во црната трева и чекаат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.