Патувањето нѐ прави многу посреќни од било кое материјално богатство што го поседуваме

0

При секоја прва прилика кога нашиот новчаник повеќе ќе се наполни, одиме да си купиме нешто ново. Да, тоа не усреќува, но само привремено.

Причина за тоа е што за брзо време се заситуваме, бидејќи тогаш она што сме го купиле од прекрасно се претвора во обично и ние сме веќе во потрага по следно нешто кое ќе не усреќи на тој начин. Повторно, и повторно…

Истражувањето од Универзитетот Корнел открија начин да го сопрат овој круг. Томас Гилович, професор по психологија, изјави дека го доживуваме истото ниво на среќа кога купуваме, како и кога патуваме.


Најважната разлика е во тоа што кога еуфоријата поминува, спомените кои сме ги создале од патувањата продолжуваат да не исполнуваат со хормони на среќа подолго.
Посетувањето на различни видови невообичаени настани, интересните моменти и случувања кога патуваме, учењето нови вештини, дури и екстремен спорт – сите овие нешта се идеален извор на среќа за секој од нас.


Новиот уред или дури и новиот автомобил на крајот ќе стане само уште еден обичен материјален предмет што го поседуваме и ќе ни стане секојдневие. Од друга страна, секое ново искуство и моменти кои ги доживуваме, стануваат вистински извор на среќа и радост што останува со нас за целиот живот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар