Патување со помал буџет: Како до одморот од соништата со помалку пари

0

Само затоа што имате помал буџет кој може да го одвоите за вашиот годишен одмор, не значи дека не може да си поминете убаво и да уживате целосно.

Патувајте пред крај или на почеток на сезоната. Тогаш аранжманите се поевтини, а времето секако е убаво и на почеток на септември или јуни.

Однапред погледнете ги сите сајтови на кои може да ги видите цените за трошок за патувањето.

Размислете за сопствена организација со превоз, избегнувајќи ги трошоците за водич на патувањето.

Веднаш штом стигнете на саканата дестинација, разгледајте го просторот и утврдете на што би можеле да заштедите (лежалки за плажа, поефтино кафе…).

Најважното што ви е потребно од смештајот е да биде пристоен, комфорен и чист. Наместо големи луксузни апартмани, одберете скромен но мирен смештај.

Чекајте ги попустите на аранжманите. Се случува во последен момент да се откаже резервација, па во истиот момент да се симне и цената за истиот.

Носете помалку багаж и спакувајте се рационално, така што нема да морате да плаќате дополнително за багаж во авион.

Ако успеете, договорете го патувањето во група, па така ќе ги поделите трошоците.

Кога ќе стигнете, прашајте некого од локалното население за насоки каде може да се храните за пониски цени. Секое туристичко место располага со елитни, но и поефтини пристојни ресторани.

Не заборавајте да уживате. Сепак, на одмор одите за да се опуштите, не да се грижите за парите.

Извор: http://nadlanu.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.