Паста туна Путанеска

0

Подгответе тестенини со сос од домати, маслинки, капари и туна.

Состојки:

1 пакетче лингвини или шпагети
4 чешниња лук
2 лажици буковец
маслиново масло за пржење
2 лажици капари
1/2 шолја каламата маслинки
малку босилек
400 гр. пелати домати
туна во масло

Подготовка:

Тестенините сварете ги според упатството на кесичката, но 2-3 минути помалку. Лукчето исечкајте го и промешајте го со буковецот. Пропржете ги на маслиново масло околу 2 минути. Додадете ги капарите и масликните и повторно пропржете околу 2 минути. Додадете ги пелатите и босилекот и повторно оставете ги да се готват околу 2 минути. На крај додадете ја туната со маслото и убаво промешајте. Сервирајте додека се топли!

Рецептот е преземен од moirecepti.mk

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот