Парите и успехот ќе ви ја купат слободата да го направите тоа што мислите дека е добро за вас. Јас ги поместувам границите затоа што можам

0

Томас Карлајл Форд е роден во Остин, Тексас. Родителите му биле агенти за недвижнини, па од нив го развил чувството за убаво и удобно живеење.

Светот дозна за него во 90те години на минатиот век, кога стана дизајнер за Гучи и го освежи нивниот стил. Тој создаде гламурозни, смели, секси парчиња облека кои ја дефинираа таа ера.

„Иако Прада и Гучи владееја со светот на модата, токму Том Форд направи значајни промени во однос на стилот на жената, му даде острина, препознатливост,“ изјави најмоќната дама во светот на модата Ана Винтур, уредничката на Вог.

Денес Форд има сопствен моден бренд кој што вклучува облека, асесоари и производи за убавина. Неговите производи се продаваат во 120 земји во светот

„Парите и успехот ќе ви ја купат слободата да го направите тоа што мислите дека е добро за вас. Јас ги поместувам границите затоа што можам“- Том Форд

Линија машки мириси SIGNATURE

Tom Ford – For Men

Tука веднаш се чувствува „спајси “акцентот, односно дрвенестите ноти и праисконските тонови кои го прават овој парфем луксузен, но истовремено елегантен и модерен. Креиран за префинети и заводливи мажи со софистициран стил.

Tom Ford – Extreme

Интензивна машка интерпретација на сензуалноста која зрачи со неприкосновен стил и самодоверба.

Grey Vetiver

Елегантен и префинет мирис каде се чувствуваат цитрусните ноти со раскошно присуство на зачини и скапоцени дрвенести ноти.

Tom Ford Noir

Ориентален и сензуален мирис кој е олицетворение на перцепијата на Том Форд за мажи: префинети, урбани кои каде и да поминат, ќе бидат забележани.

Tom Ford Noir EDT

Овој мирис е за динамични и енергични мажи, со силно присуство на цитрусни ноти.

Tom Ford Noir Extreme

Noir Extreme открива нова димензија за Noir Мажите. Дрвенесто -ориентален мирис збогатен со ноти на амбер. Тој е за мажите кои се доволно храбри да се издвојат од толпата и да бидат извонредни.

Линија на парфеми за жени – SIGNATURE

Black Orchid

Луксузен и сензуален мирис со раскошни темни тонови ма магичната црна орхидеја, модерен и безвременски парфем.

Black Orchid EDT

Ова е посебна креација која претставува заводлива револуција со сопсѕвен карактер кој чека да биде покажан.

Velvet Orchid

Ориентално цветен мирис кој претставува еволуција на мирисите на Том Форд.

Noir Pour Femme

Овој парфем претставува фасцинантен парадокс – тој е за жени кои се истовремено екстравагантни и сензуални.

White Patchouli

Со својата сензуална доминација на пачули, ова е модерен мирис во ретро класично издание.

Tom Ford Private Blend –Линија за мажи и жени

Noir de Noir

Ова е мирисот кој e посветен на јинг и јанг, ориентален парфем која ја открива женската димензија на Том Форд.

Тоbacco Vanille

Том Форд е дизајнер кој е обземен од Лондон, го обожава и тоа го покажува преку креирање на Tobacco Vanille, кој пак асоцира на англиски клуб за мажи.

Oud Wood

Една од најбараните и најценети состојки во парфемската индустрија е OUD, која многу се користи во источните храмови и е позната по силниот мирис.

Costa Azzura

Оваа свежа мешавина преку мирисот не носи на плажите во Сардинија, не потсетува на свежината на морето и летото.

Nepoli Portofino и Nepoli Portofino Acqua

Уште една летна свежина посветена на италијанската ривиера, на летната заводливост и убавината на бескрајните азурни плажи.

Mandarino di Amalfi

Слоевит, искрен и прозрачен мирис кој ни носи слика во главата од карпестите предели на дивото море. Цитрусната свежина е неодолива.

Да се поседува парфем со потпис на Tom Ford е вистински престиж. Кога ги креирал парфемите, дизајнерот имал идеја дека ова ќе бидат парфеми за луѓе кои го сакаат престижот, кои знаат да проценат што е добро и ретко, односно за луѓе со истенчен вкус, храбри личности кои сакаат да доминираат и да бидат забележани.