Парфемскиот бренд Juliette Has a Gun раскажува нова летна приказна за силните и независни жени

0

Во петокот се одржа ексклузивна промоција на парфемот Vanilla Vibes од брендот Juliette Has a Gun во парфимеријата Anabella во хотел Мериот.  Дел од македонските блогери, тв лица и медиуми имаа можност да бидат меѓу првите кои ги почувствуваа топлите ноти на Vanilla Vibes и се запознаа со новата летна приказна.

Мириси инспирирани од делата на Вилијам Шекспир,  типична ренесансна романтика испреплетена со модерното време, Juliette Has a Gun симболизира и слобода, а на жените им дава во рака оружје за да можат да се соочат со мажите во вечната борба на пол, страст и љубов.

Брендот Juliette has a Gun е дело на Romano Ricci, внук на познатата Ninа Ricci чии парфеми го освоија светот.

Новиот мирис Vanilla Vibes претставува фузија на две спротивности: топла природна ванила и свежа морска сол која на слатката ванила и дава поинаква димензија. Парфем кој ве води на сензуално и електрично патување, со постојан ритам на миризлив танц,  Vanilla Vibes е пламенот под мразот, алхемија на спротивностите и покана да бидете свои и уникатни.

 

Главната нота на парфемот е морската сол, додека во срцевината на овој летен и привлечен мирис е природната ванила и орхидеја. Во базните ноти се наоѓа комбинација на сандалово дрво, тонка грав, кафеав мошус и бензоин кои заедно создаваат уникатно доживување.

Сега можете и вие да го додадете новиот Vanilla Vibes во вашата колекција на омилени мириси.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот