Парфемите на Diseno, мириси создадени за сензуални жени и моќни мажи

0

Jesus del Pozo, шпанска модна икона роден и пораснат во Мадрид. Во 1974 година го отвора својот прв бутик, а првата машка колекција ја претставува во 1976 година во Париз. Првата pret-a-porter ревија за жени ја претставува во 1980 година, а на почетокот на 90-тите години del Pozo влегува во светот на парфемската индустрија со парфемот Duende, а потоа негова следна креација е Quasar, првиот машки парфем.

Во 1997 се појавува Halloween, кој претставува точка на пресврт во историјата на брендот заради исклучителната популарност која што ја добива од публиката.

На почетокот на 2000 година ја проширува работата со креирање на асесоари и на колекцијата на декорации за домот.

Животот го завршува во 2011 година во Мадрид. После неговата смрт, парфемите Diseno ги откупува модната куќа del Pozo.

Halloween, првиот дел од del Pozo парфемите, е наменет за мистериозните жени, заводнички. Нежна и прашкаста љубичица, лимета и ноти на зелена банана се првите мириси од оваа романитчна композиција. Заради одличниот прием кај публиката, подоцна е создадена и цела колекција Halloween.

Halloween Kiss од Jesus Del Pozo е женствен, опоен харизматичен и сензуален мирис наменет за современите жени. Овој парфем, кој е претставен есента, 2008 година, се отвора со ноти на лубеница, црвено овошје, круша, љубичица, бергамот, црвен портокал и кока-кола.

Во срцевината на овој романтичен и привлечен мирис се фрезија, гарденија и божур, додека основата на парфемот е мешавина од дрвенести ноти, ванила, тонка, пачули и чоколадо.

Halloween Man е машки парфем кој е на пазарот од 2012 година. Најавен како привлечен ориентално свеж мирис со акцент на дрвенести ноти, привлекува и маѓепсува со својот мирис.

Високите ноти се карактеризираат со акорди на мартини од јаболко, листови од љубичица, зелен босилек и мандарина. Во средните ноти има ѓимбир, лаванда и туниски цвет од портокал, додека во основата се акорди на кожа, мошус, сив амбер и ванила.

Компанијата за накит Tous е осована во 1920 година. Во 1985 година, Rosa Oriol, сопругата на синот на основачот на компанијата почнува да дизајнира мечиња кои стануваат симбол и препознатлив амблем на брендот и една од 100-те икони на шпанскиот дизајн.

TOUS е присутен во 41 земја, во повеќе од 400 продажни места со палета од луксузни производи како: накит, часовници, парфеми и асесоари.

Tous Man by Tous

Tous Man е освежителен, сензуален, елегантен и заводлив машки парфем. Овој парфем се отвора со ноти на бразилски портокал, ѓумбир, индијски грејпфрут и кинески бибер. Во срцето на овој мажествен, галантен и привлечен парфем се наоѓаат ноти на ананас, црвено јаболко и кампари додека основата се состои од мешавина на амбер, кедар и бел мошус.

Tous Man Sport by Tous

Tous Man Sport е свеж, енергичен и сензуален парфем, наменет за спонтани мажи кои ја сакаат слободата на животот и живеат во согласност со природата. Парфемот се отвора со ноти на сок од лимон и алдехид. Во срцето на овој мирис присутни се ѓумбир и црвено јаболко, додека во основата се чувствува мешавина на ноти од кашмир, растителен мов, кедар и мошус. Парфемот Tous Man Spot e направен во елегантно сино шише со заоблени рабови.

Baby Tous Perfume by Tous

Baby Tous Perfume by Tous, спакуван во неодоливо симпатично шише во облик на мече. Ова е цветно-овошен парфем. Унисекс мирис кој се отвора со ноти на мошус и кедар, каде што најприсутни и највпечатливи се нотите на круша, јаболко, роза и цвет од портокал. Топ нотите се бергамот, мандарина и нероли, кои го нагласуваат присуството на цитрусните мириси.

Tous Touch Perfume by Tous

Tous Touch е креиран од Sophie Labe. Топ ноти се лотус, фрезија, момина солза, јасмин, ванила, бадем и малина.

Tous Floral Touch Perfume by Tous

Примарно цветна композиција на база на мошус. Лансиран во 2015 година, овој парфем го отвораат ноти на љубичица, лимон, бергамот и мандарина. Слатките ноти доаѓаат од присуството на јагода, ѓумбир и тубероза. Основата ја сочинуваат мошус, кедар и амбер.

Tous Gold Perfume by Tous

Единствен ориентален мирис. Цвеќе, амбер, ванила и зачини кои даваат земјено сладест мирис со смирувачка цветна свежина.

Tous Silver Perfume by Tous

Tous е цветен, чувствителен, освежителен и сензуален женски парфем. Почнува со ноти на црна рибизла, љубичица, бергамот со зачинска нијанса на коријандер. Во срцето на овој нежен парфем се јасмин, жолт божур, роза и гарденија, додека основата ја сочинуваат бел мошус, марокански кедар и ирис.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.