Парфемите на АВОН најбарани на македонскиот пазар

0

Македонците сакаат да мирисаат убаво и затоа редовно издвојуваат финансии за да си го купат омилениот парфем, кој, според продажните статистики, веќе неколку години наназад, произлегува токму од палетата на парфеми која се нуди во брошурите на „Авон“. Сепак, ова не е специфика само на домашниот пазар туку козметичкиот гигант спроведе големо светско истражување со цел да увиди како потрошувачите ги оценуваат нивните парфеми во споредба со оние од други компании. Во истражувањето биле вклучени 4.800 учесници од 14 градови во четири различни држави и биле користени осум мириси на АВОН наспроти осум парфеми од други луксузни марки. Без да знаат кој е кој, тие имале за задача да го одберат парфемот што повеќе им се допаѓа, а производите на АВОН биле апсолутен победник. Учесниците воедно забележале дека купувајќи ги тие мириси добиваат најдобар квалитет за најповолна цена, а победници на големиот тест на мириси се женските парфеми „Little Black Dress“, „Incandessence“, „Perceive“, но и машкиот мирис „Full Speed“ кои се нудат во актуелните брошури на АВОН и кај нас.

Следејќи ги потребите и желбите на потрошувачите, АВОН неодамна објави дека почнува да соработува со светски реномираниот дизајнер Кензо Такада, кој застана со свој потпис и личен дизајн зад новата линија на мириси кои есенва ќе пристигнат и во Македонија. Со тоа, бројот на престижни имиња од светот на модата и козметиката кои соработувале со АВОН, постојано се збогатува.

Експертите во компанијата посочуваат дека убавиот мирис треба да се знае и како да се носи. Токму затоа, тие се континуирано посветени на постојана грижа и давање совети на своите купувачи. Една од главните препораки е дека парфемите треба да се користат со мерка и никогаш да не се претерува. Од АВОН истакнуваат и дека мирисот треба да одговара на приликата такашто за вечерните излегувања најдобар избор кој зрачи со безвременски, универзален гламур е бестселерот „Little Black Dress“, додека за дамите кои сакаат да ги заведат останатите со нивниот шарм, го издвојуваат парфемот „Avon Femme“.

АВОН е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сè – за жените. Производната палета на АВОНги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку речиси 6 милиони активни независни претставници, производите на АВОН ги воодушевуваат потрошувачите во речиси 70 земји во светот.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.