Парфемите Montale инспирирани од убавината и тајните на Источниот свет

0

Парфемите на брендот Montale се инспирирани од убавината и тајните на Источниот свет, создадени помеѓу процесот на учење и чудесната чиста убавина, Montale компонира со материјали во кои има доверба како што се роза, темјан, килибар, кедар, скапоцено дрво и илјада други прекрасни мириси.

Новитетите од Montale во чии мириси ќе уживаме се Oud Dream, Vetiver Patchouli и Sensual Instict.

Прекрасен егзотичен, зачинет и меден мирис, нежно сладок и дозирано мажествен, Oud Dream е сензуален и магичен мирис. Присуството на роза, оуд и пачули создаваат чувство како да сте во сон. Ова е нова префинета креација со кожени ноти.


Vetiver Patchouli е израз на софистицираноста, чија свежина не може да ја маскира хипнотизирачката моќ на мирисните ноти. Смело присуство на розева пиперка и печено кафе со мистериозноста на розата и магнетната топлина на листови од пачули, му даваат на овој парфем вистинско присуство на мажественост.


Sensual Instict е силен и впечатлив мирис кој ги комбинира енергичните ноти на печено кафе и пралине, што создава баланс на смирувачка сензуалност. Мирис кој е сублимат од скапоцени ноти на килибар, суптилност на кедрово дрво и шеќерна репка. Неодолива граница на елегантна и ѕверска опсесивност.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот