Параметри кои одредуваат дали сме здрави

0

Според авторот на книгата „Здравјето на мажите“, Генадиј Петровиќ Малахов, постојат параметри кои одредуваат дали сме здрави или не. Станува збор за нашата општа психо-физичка состојба при која се гледаат првите знаци на здравиот човек.

Свест

Преовладува радосно расположение, нема тешки мисли и замор и развиена е желбата за знаење.

Дишење

Здравиот човек прави од пет до седум дишни циклуси (вдишување, издишување и пауза помеѓу нив – еден дишен циклус) во минута. Помалку циклуси – поздрав човек.

Исхрана

Заситеност од мала количина на природна храна, често и благо чуство на глад, нормална столица по секое хранење (ова значи идеална работа на гастроинтестиналниот тракт).

Кожа

Чиста, рамна, без мозолчиња, чирови и непријатен мирис.

Имунитет

Отсуство на било какво заболување, брзо зараснување на раните, исекотините, изгорениците и слично.

Мускули

Еластични, издржливи, умерено силни (добрата еластичност ги опфаќа и зглобовите), пропорционално развиени.

Здравиот човек во целост има добро држење на телото, пропорционално е граден, има помал слој на наслаги, малку се заморува, посакуван е во друштвото, екстремните случувања ги прифаќа и разгледува трезвено, разумно и без непотребни емоционални набои.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот