Парадоксот на современите фирми: За да напредувате, мора да бидете глупави

0

Во модерното работно опкружување, денешно време не се исплати да се биде паметен, за жал тоа не се ни бара од вработените.

Во книгата “Парадокс од глупости“ професорите Андре Спајс и Матс Алверсон дошле до заклучок дека во денешниот свет, за да се напредува мора да се биде глупав.

Повеќе од една деценија, овие двајца професори истражуваат различни компании од различни сектори и бизнис опкружувања и заклучиле дека денес од младите и образовани луѓе веќе не се очекува да бидат паметни на работа. Менаџментите на современите компании се почесто на вработените им доделуваат рутински задачи кои не бараат многу размислување. Иако на почетокот, ова на младите им се чини како работење на глупави површни задачи, со текот на времето тие сфаќаат дека најдобри работници за нивните работодавци, се сепак оние кои успеваат да го исклучат мозокот и да работат според однапред зацртани рутини.

Еден од начините на кои организациите влијаат на вработените да не размислуваат премногу е бирократијата. Со тоа што им даваат задачи кои се најчесто врзани со документација. Така, на пример една наставничка во училиште нема доволно време да се посвети на децата и начинот на кој ги воспитува, затоа што во текот на денот мора да пополни документации за нејзината работа. Или пак, докторите. Тие повеќе време губат на заверка на документи, колку што со нивните пациенти.

Младите пак, образовани и амбициозни луѓе, сфаќаат дека решавањето на проблемите на работа и не е толку важно колку што е важен изгледот. Оној кој ќе направи најдобра Power Point презентација ќе биде пофален од работодавачот, за разлика од оној кој ќе сака да дебатира за тековниот работен проблем.

Уште еден значаен извор на глупости е вербата во лидерство. Вистинските лидери се навистина ретки. Голем број од денешните менаџери денот го поминува на состаноци, исполнувајќи норми и разменувајќи информации.

За да ја продлабочат тежината на својата улога, тие често одат на курсеви, семинари и обуки.

Според Џефри Фефер, од Стенфорд Универзитетот, САД годишно прави трошок од 14 милијарди долари на развој на лидерството, иако тоа нема никаков резултат врз квалитетот на лидерство, се уште.

Моќта на брендот е уште една значајна тема која треба да се спомене.

Новите шефови во една компанија често сметаат дека ако го сменат логото на брендот ќе биде од големо значење и ќе влијае за зголемување на моќта на брендот во иднина. Всушност, најчесто единственото што се менува е само логото. А тоа не ги решава проблемите.

Емитирањето на други компании е секојдневна грешка во компаниите. Ако е добро за Google, не значи дека е добро за сите останати.

Следете ја толпата и прескокнете ги сопствените грешки

За изненадување е колку е малку потребно за паметните луѓе да се вклопат во колективната глупост и за тоа да бидат наградени. Следење на правилата без размислување е секако контрапродуктивно за сите, но сепак значи дека ќе бидат оставени “на мир“ од страна на претпоставените. Многу одлуки на шефовите кои биле погрешни, биле подржани од сите вработени, иако дел од нив лично сметал дека друго решение е подобро. Но, од потребата да не се “замери“ со шефот, нивните компании губат многу пари на исправување на овие грешки.

Најлошто е тоа што луѓето, особено оние во големите корпорации обрнуваат многу малку внимание на целокупната работа па и настанатите грешки. Онаму каде што има повеќе вработени, многу лесно може да се прикрие грешката, која оди директно на штета на компанијата.

Културата на “позитивно“ размислување.

Денешно време е тренд да се наметнува позитивното расположение во компаниите. “Немој да ми носиш проблеми, донеси решение“ е честа идеологија наметната со цел да се подигне расположението на работното место, сметајќи дека тоа ќе биде повеќе продуктивно.

Грешката е во тоа што, луѓето после некое време почнуваат да затвараат очи пред проблемите, а со тоа и да ги оставаат нерешени.

Заклучок, денешно време за да се напредува на работното место е:

  1. Прави го тоа што го прават другите, иако е погрешно.
  2. Во свет во кој доминира глупост, поважно е да се изгледа добро, отколку да се биде во право.
  3. Оние кои донесуваат одлуки го гледаат само воведот во Power Point презентациите. Затоа, колку пошарено, толку подобро.
  4. Шефот секогаш знае најдобро и овде нема простор за сомневање!

Извор: http://www.family.rs/

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот