Папата Франциско ќе глуми на филм

0

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско ќе биде првиот папа во историјата кој ќе се глуми себеси на филм. Тој ќе биде дел од снимањето на филмот „Зад сонцето“, приказна за децата низ светот кои се воодушевуваат на апостолите додека трагаат по Исус.

Идејата за снимање на филмот дошла од него лично кој целата реализација на приказната ја препуштил на филмското студио “AMBI Pictures”. Како што пренесуваат француските медиуми, папата на овој начин сака да допре до децата и да им ја доближи повеќе католичката вера.

Инаку Ватикан се уште не ја потврдил официјално информацијата за актерската улога на нивниот поглавар, тие дури изјавиле „Папата не е глумец“. Но, од “AMBI Pictures” остануваат на своето, нагласувајќи дека филмот ќе заврши со порака лично од папата Франциско до децата кои се обидуваат да го најадат Исус Христос.

Почетокот за снимање на филмот е закажан за првата половина од оваа година на повеќе локации низ Италија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.