Паоло Коелјо советува – како да имаме контрола врз својот живот

0

Бразилскиот писател Пауло Коелјо е еден од најпознатите и најчитани автори денес. Што и да напише или пак каже се зема без резерва од неговите фанови, читатели и општо од светот.

Коелјо досега неколку пати има објавено цитати од Вилијам Џејмс, кој во американската историја попознат како „филозоф на среќата“. Тој верувал дека среќата може да ги мотивира луѓето и дека тоа претставува вистински клуч на човековата еволуција.

Најмоќното оружје против стресот е нашата способност да ги препознаеме добрите мисли – да одбереме позитивни, а да избегнеме негативни.

„Вие сте единствена среќна личност што ја познавам“ – му рекол некој човек на американскиот психолог и филозоф, Вилијам Џејмс.

„Секогаш насмевка ви го краси лицето, дури и кога се соочувате со најголемите маки“.

„Не се смеам затоа што сум среќен“- одговорил Џејмс.

„ Среќен сум затоа што секогаш се смеам“.

Цитатите на Вилијам Џејмс (1842-1910) претставуваат моќни мотиватори за преземање контрола врз сопствениот живот.

За вас ги одбравме следните 9 од оние кои ги пренесува Коелјо…

1. Песимистичкиот став предизвикува слабост, оптимизмот дава моќ;

2. Најмоќното оружје против стресот е да одбереме една мисла, а избегнеме друга;

3. Однесувајте се како вашето однесување да може да промени сè – бидејќи може;

4. Здравиот разум и смислата за хумор се една иста работа, само што се одвиваат со различна брзина. Смислата за хумор е всушност здравиот разум, само во вид на игра.

5. Најголемото откритие на мојата генерација е дека човекот може да го промени својот живот со промена на своето однесување;

6. Бидете подготвени да прифатите. Прифаќање на нешто што се случило е првиот чекор во надминување на последиците од несреќата;

7. Секој ден правете по една работа што сте одбегнувале да ја правите. Благодарејќи на ова, секогаш ќе бидете подготвени да издржите притисок на ситуација со која ќе биде неопходно да се справите;

8. Односот кои го имате на почеток кон зададена задача е од голема важност за резултатот што на крај ќе го добиете;

9. Уметноста на мудроста се сведува на умешноста на изборот што треба да го направите;

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.