Паника меѓу лекарите: Гледањето во екран остава последици кај најмладите

0

Оваа сцена може да се види се почесто, особено за време на патувањата. Француските педијатри и психолози, пак, покренаа предупредување и рекоа дека поставувањето на мали, предучилишни деца пред екраните претставува закана за нивното ментално здравје. Лекарите кои секојдневно работат со деца од предучилишна возраст тврдат дека постоjат индикации односно, напуштањето на детето пред тактилниот екран што го апсорбира целото внимание и целосно го изолира од околината, предизвикува бројни нарушувања на функцијата на мозокот. Родителите треба да бидат загрижени дека детето е мирно и не ги “мачи”, велат експертите.

Некои лекари дури тврдат дека откриле врска помеѓу еден тип на аутистичен синдром кај децата кои поминуваат време пред екраните и играјќи игри, наводно адаптирани на нивната возраст. Постојат контроверзии, бидејќи некои педијатри не се согласуваат со оваа изјава и тврдат дека нема јасни докази за односот помеѓу аутизмот и екранот кај малите деца. Сите, сепак, се согласуваат дека гледањето на екранот кај деца во предучилишна возраст предизвикува бројни невролошки нарушувања наведени во јавното писмо и објавени во “Mondu” со потписи од сто лекари и педијатри.

Француските експерти излегоа во јавноста со информации за односот меѓу нарушувањата поврзани со аутизмот кај децата и времето поминато пред екраните на разни апарати. Во 2009 година, француската управа за јавно здравје издаде препорака дека децата под три години не треба да поминуваат време пред екрани од секаков вид. Во 2013 година, Француската академија објави студија која е сеуште во сила и е мета на тешки критики. Имено, оваа студија тврди дека тактилните таблети се корисни за развојот на сетилата и моториката кај децата. Здружението на француски педијатри не оди многу подалеку со изјава дека ” таблетите не треба да се користат пред третата година”.

Лекарите како што се Мишел Демург и Едуард Гетаз и нивните придружници сега тврдат дека за здрав развој на детето неопходно е тоа да не биде изложено пред било кој тип на електронски уреди се до шестгодишна возраст.

Мобилен за смиреност

Речиси половина од француските родители изјавиле дека за да ги смират своите деца (помлади од три години), им даваат мобилен телефон. Повеќе од половина од младите деца под три години поминуваат најмалку половина час неделно пред интерактивниот екран.

Се почесто може да се слушне дека бројот на децата со аутизам расте, дека има се повеќе и повеќе “хиперактивни” деца кои треба да земаат лекови за спиење!
Д-р Диканда предупреди дека овие деца често ги дијагностицираат со “аутизм”, иако тие не се навистина болни од оваа болес.

– Се покажа дека е доволно да се укине повеќечасовното гледање во екранот, бидејќи децата кои имаат големи тешкотии често поминуваат 6 до 12 часа дневно пред екранот – вели д-р Диканда.

Голема паника во француската јавност предизвика текстот објавен во парискиот портал “Mondu”, кој започнува на следниот начин:

“Ние, експертите кои работиме во областа на детското здравје, сакаме да ја предупредиме јавноста за опасните последици од масовно и предвремено изложување на бебиња и мали деца на сите видови на екрани: од паметни телефони, таблети, компјутери, телевизори и конзоли за играње. ” Овој текст е потпишан од страна на лекари, психолози и ортофонисти (специјалисти за говор), од кои сите предупредуваат дека дијагнозата за аутизмот кај децата се уште се испитува.

– Вниманието на децата е целосно насочено кон екранот. Во такви услови, родителите и децата не разменуваат доволно ставови и не можат да ја градат својата врска – пишува во текстот на француските експерти.

Тие предупредуваат дека во таков случај, мозокот на децата не може нормално да се развива, бидејќи истражувањето на објектот околу него е запрено поради екранот што го привлекува вниманието, детето е принудено да се откаже од своето истражување и еколошко тестирање, што е доволно за да се одложи развојот на говор и општ развој на детето.

Децата кои заради приврзаноста со екранот обично не прозборуваат како што треба и до четвртата година од нивниот развој, дури и кога некој ги нарекува според нивното име. Тие не можат да гледаат во лицето кое ги адресира или субјектот што го прикажуваат, само можат да гледаат во екранот на таблетот. Тие не можат да комуницираат со животната средина, ниту со други деца.

Зошто влијанието на екранот врз децата е толку неверојатно страшно?

Француските лекари се повикуваат на студијата на Едвард Троник, која покажа дека слични нарушувања се јавуваат кај бебето кое се прикажува како кукла со лице без израз (“мртво лице”). Детето што гледа на екранот наместо во мајката не може да разменува мислења со неа, да го идентификува нејзиниот глас и нејзините движења, да стекне свест за себе, или да развие говор. Линда Пагани, професор по психоедукација на Универзитетот во Монтреал, со децении го истражувала влијанието на телевизискиот екран врз децата и дошла до заклучок дека тие значително го намалуваат капацитетот на децата, ја намалуваат нивната училишна активност и способноста да ги решаваат математичките проблеми.

Списанието “Sajantifik riport” објави анкета на експерти од лондонскиот универзитет кои покажаа дека изложувањето на тактилен екран кај децата на возраст од шест до 36 месеци предизвикува намалување на квалитетот на спиењето. Со тоа се појавува оштетување во формирањето на мозокот и невронските врски кои се градат додека детето спие.

Превенција во четири чекори

Психолог Сабин Дифло објави програма за превенција во наречена “четири чекори”: не се вклучува екран во текот на утрото, ниту за време на оброкот, ниту во детската соба, ниту пред спиење. Тој со уште девет доктори и психолози, објави текст со предупредување, по што здравствените власти во Франција се согласија да започнат кампања на државно ниво. На сите лекари и педијатри ќе им бидат испратени инструкции за поставување на прашањата за екран во домот при преглед на децата. Експертите сметаат дека со тоа ќе им помогнат на родителите да бидат повеќе свесни за опасностите од изложување на малите деца пред екраните.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар