Плаошник, спокојна и неверојатна глетка

0

Неслучајно, Охрид е град на црквите и манастирите. Па, затоа секогаш кога патот ве носи кон градот на Билјанините извори, посетете по една црква. Секако, меѓу сите цркви, комплексот Плаошник е најграндиозниот, го одзема здивот и оттаму може да уживате во неверојатна глетка. На Плаошник, уживајте во спокојот кој ќе ви продира во секоја клетка и откријте ги вековните тајни на ова место.

plaoshnik (5)

Имено, црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ е лоцирана на комплексот Плаошник во Охрид.

Оригинално е изградена во 863 година од страна на Свети Климент Охридски.

Во 916 година, по смртта, Свети Климент бил погребан во подот на црквата во гробница која наводно самиот ја подготвил.

plaoshnik (4)

Црквата Свети Пантелејмон била неколку пати обновувана сѐ до 15. век, кога конечно била урната од Отоманските турци и на нејзините темели била изградена џамија позната како Имарет-џамија.

Целиот реон на месноста Плаошник е богат со археолошки наоди. Самата црква Свети Пантелејмон е изградена во 863. година, над темелите на голема петтобродна базилика чии остатоци се и денес видливи околу црквата.

plaoshnik (2)

Низ вековите оваа црква била рушена, повторно градена и претворена во џамија во еден период. После неколку рушења и реновирања, новата возобновена црква која постои денес има1200 години традиција и пронајдените делови од постарите цркви се заштитени во стаклени витрини и туристите можат слободно да ги гледаат.

plaoshnik (1) plaoshnik (6) plaoshnik

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот