Palacio da Pena – местото кое кралот Фердинанд II го користел за творештво и инспирација

0

Палатата Пена (Palacio da Pena) е романтистички замок во Сао Педро де Пенаферрим, во општината Синтра, Португалија.

Шареноликата градба, една од најголемите португалски атракции се наоѓа на врвот на еден рид на планините Синтра над истоимената област. На ведар, јасен ден лесно може да се види од Лисабон.

Тоа е национален споменик и претставува еден од главните изрази на романтизмот од 19 век во светот, а датира уште од 1842 година.

Во 1493 година, кралот Јован II, придружуван од неговата сопруга – кралицата Леонор, направил аџилак на местото за да исполни завет. Неговиот наследник, кралот Мануел I, кој исто така многу го сакал ова светилиште, наредил да се изгради манастир на оваа локација. Пена со векови била мало, спокојно место за медитација, сместувајќи најмногу осумнаесет монаси.

Во 18 век манастирот претрпел сериозна штета предизвикана од молња, иако големиот Лисабонски земјотрес кој се случил наскоро потоа во 1755, бил катастрофален за манастирот претворајќи го во пустош. Сепак, параклисот (како и делата од мермер и алабастер) избегнал значителна штета.

И покрај тоа што децении подоцна урнатините сѐ уште биле недопрени, младиот принц Фердинанд бил импресиониран од нив. Подоцна, во 1838 година кога тој веќе станал крал Фердинанд II, одлучил да ги преземе сите околни земјишта, блискиот Замок на Маврите како и стариот манастир, обидувајќи се да ги трансформира остатоците од манастирот во палата која ќе служи како летна резиденција за португалското кралско семејство.

Вилхелм Лудвиг фон Ешвеге бил германски аматерски архитект, задолжен за овој проект, а кралот Фердинанд и кралицата Марија II решително интервенирале за декорацијата и симболиката на местото. Кралот сам дизајнирал украсен прозорец за главната фасада (инспириран од прозорецот на куќниот прозорец на манастирот Ред на Христос во Томар).

Палатата конечно била изградена во 1847 година, маестрално архитектско остварување во комбинација од различни стилови, намерна мешавина на еклектични стилови вклучувајќи ги нео-готската, нео-малелинската, неоисламската и неоренесансата. Исто така се присутни и елементи на други истакнати португалски објекти, како што е Белемската кула.

Во околината на Палатата, кралот одлучил да направи прекрасен шумски парк во англиски стил, со широк спектар на егзотични дрвени видови.

Токму оваа сопствена креација, кралот Фердинант II ја користел како личен простор за творештво и инспирација.

Поради својата автентичност и богата историја, Палатата брзо привлекла посетители и сега е една од најпосетуваните локации во Португалија. Со текот на времето црвената и жолтата боја на фасадите избледела, визуелно добивајќи сива нијанса, но до крајот на 20 век градбата била пресликана во своите оригинални бои.

Внатрешноста на палатата сѐ уште е украсена според вкусите на кралевите и кралиците кои живееле таму, а нејзиниот одличен нагласок е капелата, каде што и денес може да се види прекрасниот Алабастерски олтар припишан на Николау Чантерене.

Во 1995 година, Палатата и остатокот од културниот пејзаж на Синтра биле класифицирани како светско културно наследство од страна на УНЕСКО и се смета за едно од седумте чуда на Португалија.