Озборувањето може да ве остави без пријатели

0
Three young women drinking coffee in a cafe.

Помалку или повеќе, сите озборуваме. Некои од нас тоа го прават ептен ретко, некои го прават и по неколку пати на ден. Но, зошто озборуваме и како да ја искоренеме таа навика?

Најнапред, пред да почнете да озборувате со вашите пријателки, запрашајте се дали луѓето кои ги озборувате се вредни за да добијат дел од вашето скапоцено време, беаз разлика дали тоа е поранешниот дечко или здодевниот колега. Зошто наместо да озборувате колку лошо била облечена денес вашата колешка не разговарате со вашите пријателки за нешто поконструктивно, побарајте совет или мислење за некој ситен проблем, распрашајте ги за тоа каде се попустите низ продавниците или дознајте некоја нивнта тајна за разубавување.

Потоа, запомнете дека озборувањето во друштво е строго забрането, нефер и некоректно. Никогаш немојте да си дозволите да ја коментирате или озборувате пријателката од друштвото која моментално не е присутна. Се она што сакате да го кажите за неа пред останатите пријателки, премолчете го и кажете и го неа, лично, насамо, очи в очи.

Бидете внимателни како и кога озборувате. Сигурно не би сакале да ги изгубите пријателите поради ширење на дезинформации. Никој не сака да биде во друштво на личност која не знае да чува тајни. Немојте да го уништувате вашиот социјален живот на сметка на тоа да го имате в раце, најновиот трач. Чудно ми чудо. Чудото ќе помине за три дена. но вие може да ги изгубите најдрагите пријатели.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.