Овошна витаминска бомба за подобрување на расположението и имунитетот

0

Покрај тоа што е многу вкусен, овој овошен пијалок е полн со витамини. Сокот лесно се подготвува, ќе ви помогне во подобрување на раположението и содржи банана која го прави овој пијалок на некој начин оброк.

Содржи и киви, лимон и портокал, а комбинацијата на овие овошја ќе го снабдат вашето тело со витамин Ц и ќе го подобрат вашиот имунитет. Сите состојки ставете ги во блендер на средна јачина околу 10 секунди. Сервирајте и уживајте.

Состојки:

1 свежо цеден сок од портокал

100гр. Сецкан ананас (свеж или од конзерва)

1 банана

1 киви

Пола шолја вода

1 цеден сок од лимон

1 лажица мед

И еден сецкан ѓумбир со големина на палецот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.